Љутков нарачал ревизија: Целата постапка околу преземањето на Универзална сала е доста проблематична

од Nikola Popovski
43 прегледи

Новиот министер за култура, Зоран Љутков информира дека нарачал ревизија за целата постапка  на преземањето на Универзалната сала на Министерството за култура од Град Скопје. Вели дека има одредени информации околу пожарот и оштетувањата на Салата, но не ги откри пред новинарите.

-Од информациите што ги имам, целата постапка во однос на преземањето е доста проблематична. Не би сакал да го ставам мојот потпис на ниту една понатамошна акција поврзана со Универзална. Испративме допис до ДЗР да ја испита целата постапка од самиот почеток, по што ќе донесеме заклучоци, кажа Љутков, одговарајќи на новинарски прашања за време на посетата на локалитетот Тумба Маџари.

Причината за пожарот, кој се случи на 9-ти април годинава, сè уште е непозната.

Инаку, по две и пол години натегање и расправии со Град Скопје, Министерството за култура ја презеде салата и продолжи со реконструкцијата.

Слични содржини