Запрашан до каде е постапката за Универзалната сала во Скопје и кога можеме да очекуваме таа да биде целосно санирана и пуштена во употреба, министерот за култура, Зоран Љутков информира дека пред две недели поднел информација на седница на Влада за постапките. Вели дека се завршени сите заклучоци и сите процеси кои што сме ги имале претходно.
-До крајот на неделава ќе биде распишана јавна набавка и почнуваме со изградба на Универзална сала. Според динамиката која што ја имаме определено во делот на буџетот, би требало да заврши до крајот на 2027 година, рече Љутков.
Министерот дополни и дека одвоени се 20 милиони евра, распределени во три години.
-Процесот трае околу 60 дена. Ќе го распишеме тендерот и очекуваме од петок сега на 1-ви август до крајот на септември ќе ги отвориме понудиме и ќе почнеме со процесот на реконструкција, истакна Љутков.
Универзална сала се запали на 9 април лани, само еден месец откако продолжија градежните работи за нејзина реконструкција. Почна да се реновира кон крајот на мандатот на екс-градоначалникот Петре Шилегов во 2021. Со доаѓањето на градоначалничката функција на Данела Арсовска работите беа стопирани и две години ништо не се работеше. Потоа со одлука на Владата, Министерството за култура ја презема Универзалана сала додека министерка беше Бисера Костадиновска-Стојчевска и се продолжи со реконструкцијата која беше стопирана поради пожарот.