144
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, во гостување во Дневникот на ТВ Сител најави дека до утре до 16 часот ќе бидат исплатени мартовските плати за околу 3.000 вработени во културните институции.
Доцнењето се должи на нова, обемна пресметка на платите, за првпат усогласена со Министерството за финансии и со двата колективни договора, општиот и посебниот. Просечното зголемување изнесува околу 6%.
Љутков посочи дека ова е трајно решение на долгогодишниот проблем со буџетската нерамнотежа, при што досега 81% од средствата одеа за плати, а само 19% за програми.
„Сега, на овој начин на кој ќе ги исплатиме платите, конечно се решава четиригодишниот проблем“, изјави Љутков.