Љутков шокиран од состојбата во МНТ

од Nikola Popovski
41 прегледи

Министерот за култура, Зоран Љутков денеска беше во работна посета на Македонскиот народен театар, најстарата и најголемата театарска институција во Македонија. Информира дека се запознал со тековните активности и плановите за иднината и присуствувал на пробата на актерите за претставата „12“, адаптација на познатото сценарио „Дванаесет гневни луѓе“.

-В.д. директорот Никола Кимовски ни ги презентираше предизвиците со кои се соочуваат, како недостатокот на средства за квалитетна продукција, недостатокот на неопходен кадар и намалени средства за инвестициски проекти, истакна Љутков, додавајќи дека сериозно е загрижен и шокиран од тоа во каква состојба е доведен театарот.

Според министерот, седум години не се водело грижа за одржување на објектот и е доведен во катастрофална состојба.

-И покрај тоа, во изминатиот период театарот успеа да постигне значителен напредок, вклучувајќи зголемена продажба на билети и набавка на нова опрема за потребите на сцената. Следната година, ги одбележуваме 80 години од постоењето на МНТ, што ветува многу интересни настани, порача Љутков.

Слични содржини