Љутков уверува дека Универзалната сала целосно ќе биде реконструирана до 2028

од Nikola Popovski
15 прегледи

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков уверува дека зградата на Универзалната сала ќе биде целосно готова до крајот на 2028 година. Тој посочи дека при крај е ревидирањето на целата документација во врска со преземањето на овој објект, по што ќе следи преповторуваање на целата процедура, со цел процесот да биде легален.

Љутков истакна дека првата фаза, односно нејзината изградба си тече.

-Тоа што е реално проблематично и јас како министер за култура не сум во состојба да ставам потпис на било кој документ, бидејќи во оваа фаза на, мене ми изгледа како, реално и нелегален објект, како да работиме нешто нелегално. Затоа го ставив во мирување целиот овој процес, се разбира првата фаза си тече постапката, се гради. Но, во делот на втората фаза запрена е постапката, ќе ја ревидираме постапката, ќе ја повториме, за биде законски, изјави министерот.

Над 15 години се најавува дека ќе се реновира, но не само што не е обновена, туку објектот 9 години е затворен. На 19-ти февруари годинава, Министерството за култура склучило договор со градежната компанија Универзал – Балкан за реконструкција на фасада и кровен покривач на објектот „Универзална сала“ – Скопје во вредност од 1,9 милиони евра.

Реконструкцијата започна годинава по двегодишна пауза, бидејќи градоначалничката на Скопје Данела Арсовска под чија надлежност е оваа институција, одбиваше да ја спроведе, затоа што како што изјави, проектот на нејзиниот претходник не бил безбеден.

Универзална сала почна да се реконструира во времето на ексградоначалникот Петре Шилегов. Градежните работи за првата фаза, надворешноста, почнаа во септември 2021 непосредно пред локалните избори. Се работеше нецел месец, по што со доаѓањето на функција на Арсовска работите беа стопирани.

Слични содржини