ЛНР денеска ќе побара од Путин прием во Руската Федерација

од Stefanija Kuzmanovska

Лидерот на самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР) во Украина, Леонид Пашечник, најави дека подоцна денеска ќе подготви документ со кој ќе побара од рускиот претседател Владимир Путин да го разгледа приемот на ЛНР во Руската Федерација, пренесува ТАСС.

„Резултатот е тука! Жителите на Луганската Народна Република се определиле за светла и просперитетна иднина“, напиша тој на Телеграм, коментирајќи ги резултатите од референдумот организиран од проруските власти, за пристапувањето на ЛНР кон Русија.

„Денес ќе подготвам соодветен документ со кој ќе побарам од рускиот претседател Владимир Путин да го разгледа пристапувањето на ЛНР во Руската Федерација како конститутивна членка во согласност со законот“, изјави лидерот на самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР) во Украина.

Слични содржини