Лога: Фактот што Алијанса е дел од Владата, најзаслужни се ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba
247 прегледи

Фактот што мојата партија денес е дел од Владата, најзаслужни се ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните им се заблагодарни за тоа, поради исклучувачките политики, особено по она што се случи на локалните избори. Тоа што го кажа претседателот на мојата партија, јас продолжувам да останувам на истите ставови, затоа што ние и го продолживме животот на оваа влада за да тргне по патот кон Европската унија, нешто за коешто истото го правевте и вие во минатото, бидејќи побаравте да станете дел од Владата, но по истата логика, за да се приврши евроинтегративниот процес и од истата причина и вие ќе добиете некои министерства и ќе гласате за уставните измени, изјави денеска министерот за правда, Кренар Лога во СОбранието.

„За другото, што цело ова време ние даваме примери од самите себе, за тоа што функционира а што не во Владата, тоа не значи дека сме во опозиција, но не значи дека и тие девијантни појави што ги гледаме од Владата ќе ги заштитуваме. Причината поради која станавме дел од Владата беше во рамките на еден многу транспарентен процес кој се одвиваше помеѓу нашите членови и беше изгласан на референдум во партијата, за што одлучи нашето членство, пред кои ние сме одговорни. Знам дека ова вам не ви се допаѓа, но, тоа е факт.

За тоа што се уште не сум побарал од Судскиот совет и од Обвинителскиот совет да имам состаноци и да побарам одговорност во врска со Рамиз Мерко во Струга, вие подобро знаете од мене дека, тие не одговараат пред мене, туку пред Собранието на Република Северна Македонија. И првиот момент кога тие ќе имаат извештај од проверките и надзорот што ќе ги извршат во Основниот суд Струга, тогаш и јас ќе имам средба и ќе имам став за случајот“, додаде Лога.

Слични содржини