Лога и Задиќ потпишаа заедничка изјава за зајакнување на соработката во делот на реформите во правосудството

од Vladimir Zorba
163 прегледи

Министерот за правда Кренар Лога одржа работна средба со министерката за правда на Австрија, Алма Задиќ.

Австрија ја поддржува Република Северна Македонија на патот кон Европската Унија.

Лога и Задиќ потпишаа заедничка изјава за соработка на двете министерства во областа на заштитата и спроведувањето на принципите на владеење на правото, реформите во областа на граѓанското и кривичното право, борбата против корупцијата, дигитализацијата на правосудството.

Министерите се договорија, Австрија преку свои експерти да го пренесе своето знаење и искуство, вклучувајќи професионални обуки на судиите и обвинителите.

Министерот за правда рече дека секоја помош на Австрија е добредојдена за натамошниот развој на државата.

Министерката за правда на Австрија, Алма Задиќ му посака успешна работа на Лога и порача дека фокусот на регионот треба да биде насочен кон борбата против корупцијата и спроведувањето на реформите.

Слични содржини