Првиот човек во ресорот Правда, Кренар Лога денеска на прес-конференција порача дека сите подзаконски акти за Упатството за водење на матични книги, кои се објавени во Службениот весник, ќе бидат пред Уставниот суд, поднесени како иницијатива од негова страна.
-Не треба да се купува време од Уставниот суд со времена мерка. Ја почитувам нивната одлука и најавувам дека ќе има нов пречистен текст на Упатството и деновиве ќе биде пуштен за објавување. Со нови одредби, времената мерка на Судот ќе биде беспредметна. Содржински нема да се менува. Упатството е врз основа на закон и треба да се цитираат тие закони. Сите тие графи ден денес стојат во матичната книга за евиденција, кажа Лога на брифинг со медиумите.
-Oва е само формалниот дел, каде уставниот суд е во право и јас очекувам понатаму да се укине, бидејќи не се почитува Уставниот рок. Јас сум тука да го почитувам Уставот и Законот и во таа насока затоа беше Упатството за графата националност да биде дел од изводите, додаде министерот.