Лога: САД сакаат да не видат во Европската Унија

од Vladimir Zorba
264 прегледи

Министерот за правда, Кренар Лога денеска се сретна со Габриел Ескобар, заменикот помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан.

Како што вели во соопштението, евроинтеграциите се клучни за перспективата на Република Северна Македонија и граѓаните и се од геостратешко значење за стабилноста на регионот и Европа.

„Заеднички е ставот дека интеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ значи просперитет за граѓаните во државата, со импакт и на долгорочен просперитет на целиот Западен Балкан во Европската Унија. Силна поддршка на САД за напредокот на нашата држава до полноправно членство во Европската Унија“, вели Лога.

Оценето било дека кој било друг исход од можноста да се продолжи по европскиот пат не е од државен и стратешки интерес. Поради тоа, заедничка е согласноста дека претстојната одлука во Собранието треба да биде државничка, во насока на интеграција, а не изолација.

Слични содржини