Во центарот на Скопје вечерва се случил пожар, кај едната галија на кејот на реката Вардар, кај хотелот Холидеј Ин.
По дојавата дека гори, набрзо интервенира противпожарна екипа, при што пожарот е локализиран и изгаснат.
Командантот на противпожарната единица во Скопје, Владимир Симоновски за МИА информира дека пожарот е изгаснат, и во моментов се чека на ЕВН да ја прекине електрична енергија.
Симоновски кажа дека било интервенирано со десет пожарникари кои дошле со две противпожарни возила.