Локализиран пожарот во Ист Гејт

од Nikola Popovski

Утрово во еден од рестораните во трговскиот центар „Ист Гејт Мол“ се запалил вентилациски канал. Пожарот е локализиран, а трговскиот центар е евакуиран. Нема повредени, туку само материјална штета.

На терен се 15 пожарникари со пет противпожарни возила, информираат од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.

Пожарникарите добиле дојава од вработените во трговскиот. На посетителите се уште не им е дозволен влез.

Според информациите, пожарот избувнал во ќебапчилница на првиот кат од трговскиот центар.

Слични содржини