Локализиран пожарот во „Сувенир“ од Самоков

од desk2
233 прегледи

Локализиран е пожарот што изби по експлозијата во наменската фабрика „Сувенир“ во Самоков и состојбата е стабилизирана, информира портпаролот на СВР Битола Сања Стаматова. 

Според неа, полицијата во моментов е на теренот, а во гаснењето на пожарот се ангажирани противпожари екипи.

Експлозијата во фабриката, настана од засега сеуште непознати причини. Во полицијата е пријавена денеска во 16:10 часот. Од СВР Битола велат дека нема ниту повредени, ниту загинати во експлозијата.