Локализиран пожарот во „Усје“

од Берта Китинска
167 прегледи

Изгаснат е пожарот во кругот на Цементарница Усје во Кисела Вода.

Пожарот кој денеска настана е поради запалена елкектрична инсталација, а во гаснењето учествуваа 10 пожарникари со две возила.

Командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески за „Локално“ информира дека причината за пожарот е електрична инсталација во печките.

-Противпожарната служба е на терен и во моментот интервенира. Пожарот го гасат девет пожарникари и две протвпожарни возила,кажа предходно Томески.