Единствена општина во која битката за градоначалник ќе ја водат 3 жени, што е максимален број на кандидатки во една општина, е Прилеп. Жени кандидати за градоначалнички има само во 24 општини. Едниствена општина во која има повеќе кандидатки од кандидати е Неготино – две жени ќе се соочат со еден кандидат. Единствена општина на тет-а тет соочување меѓу кандидат и кандидатка ќе биде Карбинци.
За градоначалник на 80 општини и на Град Скопје на овие Локални избори 2025-та ќе се „борат“ само 32 жени. Според податоците од Државната изборна комисија во „битка“ за сите општини, заедно со Град Скопје, на изборниот мегдан ќе излезат вкупно 309 кандидати, од нив, според пресметките на „Локално“ само 10,5% се жени.
Изборната статистика покажува дека најголем број, или три кандидатики за градоначалник, има во Општина Прилеп, по две кандидатки има во општините Битола, Велес, Карпош, Кисела Вода , Неготино и Центар. Во општините Босилево, Брвеница, Бутел, Виница, Гази Баба, Гевгелија, Демир Капија, Карбинци, Кочани, Куманово, Лозово, Македонска Каменица, Петровец, Пехчево, Струга, Тетово и Град Скопје има само по една жена – кандидат за градоначалничка.
Ако се анализира од аспект на бројот на општини, заедно со Град Скопје, жени-кандидати за градоначалнички има само во 24 општини.
И во општините каде кадидатките се во „игра“ за градоначаници, соодност е голем во однос на кандидатите – мажи. На пример во Општина Битола од вкупно 8 потврдени кандидати, две се жени а шест мажи, во Кочани од 6 а во Куманово од 7 кандидати – една е жена.
Од аспект на „родовата“ застапеност интересен е примерот во Велес каде од тројца кандидати две се жени а еден маж. Интересна ќе биде и изборна битка уште во првиот круг меѓу два кандидати, една жена и еден маж во Карбинци. Повеќе жени кандидати од мажи има за општина Неготина, во сооднос два спрема еден. Во општина Прилеп трите кандидатки за градоначалници изборната „битка“ ќе ја водат со 6 кандидати од машкиот род. Во Струга пак од вкупно 9 потврдени кандидатури за градоначалници, осум се мажи а една е жена. За Град Скопје од вкупно 16 кандидати само една е жена.

Фото: Фејсбук/Принтскрин
За разлика од „родовиот“ распоред на силите за градоначчалнички кандидатури, поинкава е сликата за кандидатурите за идни членови на општинските совети. Од вкупно 10 490 кандидати за општински советници, 4.732 или 44,06% се жени а останатите 5.758 или 55,94% се мажи.
Од поголемите и поинтересни општински совети каде има и нјаголем број на кандидатки за членови се на Град Скопје каде за 45 советнички позиции канадидирани се 457 мажи и 398 жени, за 31 советничко место во општина Битола ќе се борат 276 мажи и 220 жени, за општинсиот совет од 31 член во Куманово има 234 мажи и 200 жени, за советот од 27 члена на Аеродром има 148 мажи и 122 жени кандидати додека за Гази Баба со ист број на општински советници ќе се борат 178 мажи и 146 жени.
За кандидатури за градоначалник нема законски обврзувачка родова квота, но за места во општинските совети има.Со измнеите на Изборниот законик пред локалните избори 2005 та година беше утврдена родова застапеност на жените од 30% во рамки на општинските совети.
„Од вкупно 379 кандидати за градоначалници, имаше 18 жени-кандидати. Од нив три беа избрани за градоначалници. Имаше една жена член на ДИК, а нивната застапеност во Општинските изборни комисии беше различна. Во мал број општини имаше целосно женски Општински изборни комисии. Во други пак, особено во западните делови на земјата, немаше ниту една жена член на ОИК“ – пишува во постизборниот Изветај на ОБСЕ/ОДИХР за локалните избори 2005-та.
На претстојните локални избори граѓаните ќе гласаат во два изборни кругови а според Изборниот законик, за успешност на изборите, на гласање треба да излезат една третина од запишаните гласачи. Изборот на градоначалник може да се случи уште во првиот круг доколку некој кандидат добие мнозинство, односно 50% плус од вкупно една третина излезани гласачи.
„Доколку во првиот круг од гласањето за избор на градоначалник наопштината, односно градоначалник на градот Скопје не излезат една третина од вкупниот број на избирачи запишани во изводот од избирачкиот список за соодветната општина, односно градот Скопје, се повторува целата изборна постапка за соодветната општина“ – се наведува во Изборниот законик.
Локалните избори 2025-та се осми по ред избори во независна и суверена држава.
Д.А.