184
Проектната динамика е работите да бидат завршени до 2027 година. Во тој поглед имаме блиска сроаботка и координација со нашите бугарските колеги преку месечни состаноци со цел да се постигне заедничката цел за железничко поврзување до крај на 2027 година, истакна денеска директорот на ЈП за железничка инфраструктура „Железници на Република Северна Македонија“, Хари Локвенец.
Тој најави дека ќе има седум железнички станици од Куманово од бугарската граница.
-Главниот град Скопје со својата местоположба на крстосница на Коридорот 8 и 10 ќе биде најголемиот, најмоќниот и вистинскиот логистички центар на овој дел од Балканот, рече Локвенец на настанот за отпочнување со градба на источен дел од Коридор 8, секција Кумановo-Бељаковце-К.Паланка.