Локвенец: Нема комрпомис со криминалот, тоа е јасна позиција на СДСМ

од Aleksandar Todeski
344 прегледи

После десет години обраќања на партиски послушник на режимот, денеска бевме сведоци на обраќање на надпартискиот претседател. За дел од работите, можеме да се сложиме со претседателот, на пример кога тој вели дека пред нас има многу работа, имајќи го предвид кочењето од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Помирувањето го предложи премиерот Зоран Заев, се формираа групи кои активно придонесуваа, рече пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец.

„За само две и пол години, СДСМ успеја да ја врати државата во нормала и да ја донесеме на прагот на НАТО и да ја донесеме пред почеток на преговорите со ЕУ. НАТО и ЕУ не се возможни без договорот од Преспа со кој државата излезе од децениска изолација, договор кој го зачува и обезбеди нашиот идентитет. Нема компромис со криминалот и тоа е јасна позиција на СДСМ. Нема таков суд, судија и обвинител кој ќе го запре овој процес. На овој наш заеднички пат, треба да ја завршиме борбата со правда. Како парламентарно мнозинство, сакаме да гледаме сојузиник во претседателот за решенија кои произведуаат подобар живот за сите. Очекуваме тоа да продолжи и по 12 април, кога граѓаните ќе докажат дека сме на прав пат и дека се против враќање на режимот“, рече Локвенец.

А.Т.

Слични содржини