Локвенец: Опозицијата да гласа за Законот за одбрана

од Aleksandar Petrovski
359 прегледи

 Пратеникот Хари Локвенец од СДСМ денеска ги повика пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ да престанат со „ситно политиканство“ и да го поддржат Законот за одбрана.

Локвенец истакна дека Законот е важен за нашето членство во НАТО, но но уште поважен за припадниците на нашата Армија.    

-ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски продолжуваат со деструктивното однесување на штета на интересите на граѓаните и државата. Свесното блокирање на Законот за одбрана, Мицкоски и неговите пратеници во Собранието значи кршење на Уставот, загрозување на остварувањето на децениска стратешка цел – членството на Република Северна Македонија во НАТО, рече Локвенец.

Предупреди дека со „неодговорните и лицемерни“ постапки ВМРО-ДПМНЕ создава ризик да испровоцира ново вето од Грција.

-Законот за одбрана е клучен за нашето членство во Алијансата. Неодговорно, несериозно и недозволиво е членството во НАТО да биде загрозено од пратениците, особено сега кога ратификацијата на Протоколот за пристапување е на самиот крај, рече Локвенец.  

Одговарајќи на новинарско прашање Локвенец кажа дека партиското раководство утре ќе одржи состанок на кој ќе се разговара за техничката Влада и дека се надева оти опозицијата ќе биде доволно одговорна и ќе ги изгласаме сите важни закони.

–  Премиерот пред неколку дена го спомна одлагањето на изборите како можност, се надевам дека опозицијата ќе биде доволно одговорна и ќе ги изгласаме сите важни закони на државата во однос на подобрување на животниот стандард и на подобраување на квалитетот на живот на граѓаните, рече Локвенец.

Меѓу законите за кои се очекува да бидат изгласани на утрешната седница, не е Законот за одбрана.

Пратеникот се надева дека ќе биде постигнат договор и оти избори сепак ќе има.

Слични содржини