Директорот на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура, Хари Локвенец во гостување на ТВ Сител изјави дека се создадени сите предуслови 2026 година да биде конечна рамка за завршување на проектот за изградба на пругата кон Бугарија
Ги имаме, како што рече, сите предуслови, тргнувајќи од документацијата, обезбедувањето на средствата и последно, но според него најважно, и волјата и поддршката од сите страни што се вклучени во овој процес.
-Очекуваме дека во рамки на предвидувањата и најавите од страна на мојот бугарски колега Папукчиски каде бугарската страна би ја завршила својата делница од Софија до македонската граница до крајот на 2027, мислам дека ние со нашите планови за завршување на целата работа до крајот на 2026 година ќе ги исполниме сите предуслови и успешно ќе го завршиме не сакам да речам конечно, меѓутоа дефинитивно овој важен инфраструктурен проект, изјави Локвенец