Лондон ја обвинува руската разузнавачка служба за кибер напади во светот

од desk4
110 прегледи

  Британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант ја обвини руската воена разузнавачка служба (ГРУ) дека извршила низа кибер напади врз политички и спортски институции, компании и медиуми во светот.

hacker at work with graphic user interface around

– Такво однесување покажува нивна желба да дејствуваат непочитувајќи меѓународно право и без размислување за последици како никогаш да нема да  бидат казнети, изјави Хант.

– Нашата  порака е јасна. Ние и нашите сојузници ќе откриеме и одговориме на обидите на ГРУ да ја наруши меѓународна стабилност.

Според МНР, Британскиот национален центар за кибер безбедност открил дека ГРУ стојат зад најновите кибер напади во светот.

– Тие напади погодија државјани на многу земји меѓу кои и Русија и тоа ги чинеше државите милиони фунти, додаде тој.

Меѓу нападите е и оној врз американската Демократска партија што беше увод во скандалот за руското мешање во американската претседателска кампања во 2016 година за кој Вашингтон веќе ја обвини ГРУ.

Слични содржини