Велика Британија ќе стави вето на создавањето на европска армија додека остане членка на ЕУ, изјави британскиот министер за одбрана.
Коментарот на Мајкл Фален дојде кога стана познато дека Германија и Франција наведуваат рокови за создавање на “заедничка воена сила” која ќе конкурира со НАТО како воен капацитет. Според документите, дискутирани во петокот од лидерите на земјите од ЕУ во Братислава, Европската комисија ќе ги придвижи предлозите за заедничка воена сила во декември со цел договор за прашањето да биде постигнато до јуни следната година.