Љоренте за контроверзниот гол: Меѓу најубавите во мојата кариера

од Vladimir Zorba
116 прегледи

Напаѓачот на Тотенхем, Фернандо Љоренте изјави дека решавачкиот трет гол, кој го постигна за „петлите“ против Манчестер Сити е еден од најдобрите моменти во неговата кариера.

Љоренте ја испрати топката во мрежата, иако си помогна со рака и го рангира Тотенхем во полуфиналето во Лигата на шампиони. Тотенхем го загуби натпреварот со 3:4, но продолжува напред со вкупен резултат 4:4 и благодарение на правилото за гол на гостински терен.

„Каков натпревар. Незаборавно. Еден од најубавите моменти во мојата кариера. И претходно сум имал незаборавни натпревари – ја освоив светската и европската титула со Шпанија, Лига Европа со Севиља и титулата во Италија со Јувентус. Но овој натпревар ќе остане во историјата“, изјави Љоренте.

Тотенхем стигна до полуфинале во европските купови за прв пат од 1962 година и за прв пат во оваа фаза во Лигата на шампиони.

„Тотенхем е во полуфиналето во Лигата на шампионите за првпат. Напишавме историја“, додаде Љоренте.