Шпанија ги поддржува вашите европски стремежи во последниве години. Ќе продолжиме и во иднина. Свесни сме за важниот придонес кон стабилноста на регионот што го постигнавте преку помирувањето со Бугарија и со Грција (преку Преспанскиот договор) и сметаме дека тоа е важна заслуга што треба да се земе предвид.
Ова го вели во интервју за МИА амбасадорот на Кралството Шпанија во нашата земја Емилио Лоренцо Сера, запрашан за ставот на официјален Мадрид во однос на доделување датум за отворање на преговорите за членство на земјата во ЕУ на претстојниот Совет на Унијата закажан за 15 октомври.
На прашањето каков е ставот на официјален Мадрид во однос на доделување датум за отворање на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, Сера со став дека Шпанија ги поддржува европските стремежи.
„Шпанија ги поддржува вашите европски стремежи во последниве години. Ќе продолжиме и во иднина. Свесни сме за важниот придонес кон стабилноста на регионот што го постигнавте преку помирувањето со Бугарија и со Грција (преку Преспанскиот договор) и сметаме дека тоа е важна заслуга што треба да се земе предвид, потенцира Сера.