Лорис: Мали детали ќе го решат финалето

од Vlatko K
99 прегледи

„Ова е финале, мали детали ќе го решат натпреварот. Одигравме многу натпревари во сезоната,
освоивме доста од нив. Покажавме дека сме сплотен колектив, се надевам дека и утре ќе го
покажеме тоа. Ќе имаме потреба од секој играч. Сите сакаме да победиме и треба да сме

подготвени да ги вложиме сите напори“, рече голманот и капитен на Тотенхем, Иго Лорис на пресконференцијата пред големото финале во Лигата на шампионите против Ливерпул утре вечер во
Мадрид.
„Не сакам да зборувам за грешките на другите голмани во финалето, сакам да се фокусирам на
себе. Знаеме дека концентрацијата во овие натпревари е многу важна. Во финалето на светското
првенство допуштив грешка, но натпреварот тогаш веќе беше решен. До крајот се обидував да се
концентрирам. Нема смисла да зборувам за тимот на Ливерпул. Тие се во финалето, бидејќи го
заслужуваат тоа, како и ние. Ќе се обидеме да покажеме расположение и желба во утрешниот
натпревар. Разликата ќе биде во деталите. Подготвени сме во секој поглед Игравме многу
натпревари со Ливерпул, но финалето во ЛШ не може да се споредува со дуел од Премиер лигата“,
изјави францускиот голман.

„Не верувам дека тактиката ќе има клучно значење. Ќе победи оној кој ја сака повеќе победата.
Фудбалот е колективен спорт, кохезијата во еден тим е важна. Ние ја градиме постојано, а
полуфиналето во Амстердам беше одличен пример како сојузот меѓу играчи, тренерскиот штаб,
фановите и газдите дава резултат. Сакаме да напишеме историја утре“, заврши Лорис.