278
Германија остана шокирана во неделата попладне кога дефанзивецот на Кајзерслаутерн, Феликс Геце (23) остана да лежи на теренот по судир со соиграч.
Веднаш по интервенцијата на клупските лекари, Геце бил пренесен во болницата во Берлин, но од него нема охрабрувачка вест бидејќи братот на голгетерот за Германија во финалето на Светското првенство во Бразил, бил сместен на интензивна нега.
Феликс Геце се здобил со фрактура на черепот за време на судирот, но ниту лекарите ниту неговиот клуб не објавија каква е неговата состојба. Можеме само да се надеваме дека ќе закрепне …
Инаку, помладиот Геце игра за Кајзерслаутерн на позајмица од Аугсбург.