Новиот премиер на Камбоџа го назначи својот помлад брат за заменик

од Radmila Tasevska

Шест месеци откако Хун Ман стана премиер на Камбоџа, функција што претходно ја извршуваше неговиот татко Хун Сен, денеска тој доби дозвола од парламентот да го назначи својот помлад брат за заменик, потег што многумина велат дека е насочен кон зајакнување на контролата врз земјата.

Помладиот брат на Хун Мане се вика Хун Мани, а парламентот речиси едногласно го одобри неговото назначување за вицепремиер. Неговиот брат ја презеде функцијата премиер во август минатата година од неговиот татко Хун Сен, кој владееше 38 години. Во говорот пред пратениците, Хун Мане рече дека назначувањето на неговиот брат на оваа позиција е дел од планот на неговата влада за Камбоџа да ја постигне својата цел да стане земја со високи приходи до 2050 година.

Истовремено со функцијата вицепремиер, Хун Мани ќе ја задржи и функцијата министер за државна служба и пратеник во парламентот.

Третиот брат, Хун Манит, моментално е генерал во армијата на Камбоџа и раководи со разузнавачкиот оддел во Министерството за одбрана.

Откако дојде на власт, Хун Мане разреши околу една третина од министрите поставени од неговиот татко, заменувајќи ги главно со нивни деца или роднини.

Аналитичарите велат дека не се очекуваат големи промени во Камбоџа, каде под Хун Сен, човековите права долго време беа на удар, а критичките гласови беа потиснати, пренесува Бета.

Слични содржини