Атлетико Мадрид загуби од Барселона по голем пресврт и може да остане без еден од најважните играчи на крајот од сезоната.
Зачестија лошите вести оваа недела за „јорганџиите“, а сега Гризман би можел да го напушти клубот на крајот од сезоната.
За францускиот напаѓач е заинтересиран Лос Анџелес. Гризман ќе седне со раководството на Атлетико Мадрид во наредните недели за да разговара за неговата иднина.
Атлетико сака да го задржи, но поважно е што ќе каже Гризман на крајот. Францускиот интернационалец има уште една година од договорот, но најдобро би било Атлетико да добие одредена отштета доколку Гризман реши да си замине.
Лос Анџелес веќе некое време покажува интерес за Гризман, останува прашањето дали тој трансфер ќе се оствари и дали и Гризман ќе се пробие до МЛС.