Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито не даде категоричен одговор во врска со гласините дека
тренерот на „орлите“ Симоне Инзаги може да застане на чело на Јувентус. Во последните денови
напорно се зборува дека токму тој е еден од фаворитите за испразнетиот од Масимилиано Алегри
пост.

„Не знам, ќе видиме“, изјави претседателот на „лацијалите“, запрашан дали има нешто во оваа
информација.
Пред неколку дена пак спортскиот директор на Лацио, Игли Таре изјави дека „клубот сака Симоне
да остане и веруваме дека и тој го сака истото“.
Последните информации се дека Лотито предложил на Инзаги нов договор со плата од 2,5 милиони
евра годишно, но 43-годишниот стратег не се согласил и сака да го почека крајот на сезоната пред
да донесе одлука за својата иднина.