ЛШ: Вардар го совлада Рајн Некар во Германија

од Vladimir Zorba
183 прегледи

Македонскиот првак Вардар ја оствари и шестата победа во ракометната Лига на шампиони. Вардарци вечерва на гостувањето во Франкфурт, го совладаа германскиот тим Рајн Некар со 33-­27 полувреме 17-­16.vardar

Најефикасен во редовите на „црвено­црните“ беше Хуан Канељас  кој постигна 10 годови, дoдека Лука Циндриќ постигна 7, а Хорхе Македа беше стрелец на 4 гола.

Останатите две средби од оваа група, Мешков Брест – Целје и Кристијанштад – ПИК Сегед, ќе се играат во сабота.

На табелата, водечки е Вардар сега со 12 бодови, пред Киелце кој има 10, а по нив следуваат: Рајн­Некар 9, ПИК Сегед 7, Мешков Брест 6, Кристијанштад 3, Целје 3 и ППД Загреб 2.

Покрај натпреварот во Франкфурт, вечерва се одиграа уште две средби од 7.коло во Лигата на шампионите. Во рамките на А групата, Висла Плок – Кадетен Шафхаузен 33­-26 додека во Д групата, Динамо Букурешт со 30­-25 го совлада Холстебро. Македонскиот вицепрвак Металург својот натпревар од ова коло ќе го игра во недела од 18:15 часот и тоа на гостувањето кај Евлерум./МИА