Еден извадок од македонско- бугарското минато, или одгласи пред или по потпишувањето на договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија. Ви го пренесуваме во целост:
Колку суров е еден режим, толку крвава и подолга е борбата за слобода. 30 години по распадот на поранешна Југославија, повеќето од републиките продолжуваат да водат битка за слободата. Додека цела Источна Европа во 1989 година се менуваше, Југославија е заглавена во една од најсуровите војни по Втората светска војна. На нејзина територија бече извршен геноцид, милиони бегалци ги напуштија своите домови, повеќето од нив засекогаш. Животот на стотици илјади семејства беше затруен поради загуба на свој, близок. И сето тоа беше извршено од армијата, полицијата и политичката елита, создадени од еден од најкрвавите диктатори во тоа време – Јосип Броз Тито.
Да, како генералите, така и командантите беа творба на овој “доживотен маршал, претседател, командант, партиски лидер” …..!
Го пишувам ова објаснување, пред да се навратиме на денешниот историски момент – нормализирање на односите меѓу Македонија и Бугарија, затоа и денес продолжуваат преголемата манипулации за “политиката ала Тито”.
Е тој режим сам признава дека за 6 година, да, само за 6 години – од 1945 до 1951 – убил над 586 000 луѓе и биле уапсени 3 777 776 “непријатели” / лично признание на шефот на тајната полиција Александар Ранкович пред парламентот на 1.02.1951г. /.
За Република Македонија точната бројка е непозната, но станува збор за илјадници убиени без пресуда, повеќето поминале низ затворите и кориците на над 130 000 досиеја во злобната Државна безбедност на Тито – УДБА. Истата таа УДБА во текот на 50 години делуваше како меѓународна терористичка организација во слободниот свет, каде уби стотици политички бегалци од поранешна Југославија.
Денешниот договор ги отвора сите врати, без една – онаа на омразата, која во текот на речиси цел век труеја душите на луѓето.
Таа ќе исчезне, заедно со оние современи морбидни политичари кои без неа немаше како да постојат.
Македонија и Бугарија загубија 30год од правото да живеат слободно, да се географски толку блиски соседи , а човечки толку далечни.
И во двете држави има лица, чиј “патриотизам” се мери на скала на омраза која ја предизвикува само “другата” страна!
Последниот месец беше време на искушение – веќе не се сеќавам колку пати на ден ни изместуваа дека нема да има Договор, нема да биде потпишан, ништо нема да се случи и овој пат …. Сигурно цел живот ќе се сеќавам на погледот и гримасите на “еден таков патриот”, кој за време на посетата на Зоран Заев во Софија на 21 јуни ме убедуваше дека нема да има договор. Нема да се случи, крцкаше низ заби и потоа со нескриена радост ме погледнуваше иронично.
И го слушав и се прашував: Каков патриот, а толку ја мрази Бугарија?
Сега доаѓа времето во кое дел од патриоти ќе брзаат да “материјализираат” , финансиски, од Договорот се разбира , други ќе ни кажуваат дека тој ништо не значи трети ќе продолжат по некое време … да сакаат друга земја повеќе од Бугарија или од Македонија.
Во едно сепак сум сигурен – дека борбата на мојот татко Темелко Нешков, чие име го носи Агенцијата БГНЕС -кованица од кратенката BG и NES кој одлежа 12 години во затворите на Титова Југославија, преживеа чудо додека беше на “слобода” и беше се криел од ОН до Западна Европа во 80-тите години на минатиот век, и се тоа не беше залудно. Да, како што тој велеше доживеа да го види “распадот на оваа пуста Југославија”, но не напушти пред 3години., Пред да види нормални односи од двете страни на Осогово.
Денес можам да кажам: Да, тато вие успеавте! Да, вие, тато, победивте! Ниту една чиста и благородна жртва не е залудна. Болката е огромна за блиските, но таа е пламенот за сите нас!
И денес се сеќавам како со солзи на очи ми раскажуваше за разделбата на легендарните Браќа Чкатров, со кои се прости преку ѕидот на ќелијата пред да бидат застрелани, со зборовите: Збогум брате за на век! За д-р Асен Татарчев, кој пред десетина чувари успева во ракавот да ја скрие камата која тие безуспешно му ја бараат во ќелијата .
Дојде времето во кое Македонија ќе треба да ја сврти глава кон своите вистински, досега непознати херои. Денес цврсто можам да кажам дека вечната болка на татко ми и неговите истомисленици Македонија – Бугарија веќе се стопи. Додека беше жив не, но во задгробниот живот ќе може конечно мирно да ги склопи очите.
Да, тато, Вашата борба завршува денес .Вие победивте!
……………………
Почитувани, читатели ова е мојот прв коментар во агенцијатаБГНЕС , која го носи името на мојот татко. Денес почувствував не како син , туку како генерациски долг, дека треба да ги напишам овие редови!
Љупчо Нешков/ БГНЕС