„Љубен Лапе“ и „Лазо Ангеловски“ ќе добијат нови подови

од desk2
137 прегледи

Општина Аеродром соопшти дека деновиве започна со реконструкција на подовите во основните училишта „Љубен Лапе“ и „Лазо Ангеловски“.

Во рамки на активностите се заменуваат старите подови со нови еластични ПВЦ подови во училниците односно кабинетите каде се одржува настава, за што Општината издвои околу 2 милиони денари од сопствениот Буџет.

Исто така, во основното училиште „Лазо Ангеловски“ се реконструира подот во холот на училиштето, со средства обезбедени од самото училиште.