Втората недела од октомври нема да биде особено романтична. Ве очекуваат само конфликти, сомнежи за некои претставници на хороскопски знаци и разделби. Што ве очекува видете во љубовниот хороскоп.
Овен
Во оваа недела овните ќе вложат доста напори да оди нивната љубовна врска, како што сакаат. Стремете се кон убава врска и искрено партнерство. Важно е пред секоја ситуација со саканиот/ата да го премислите добро секој свој потег. Исто така во љубовта , човек не треба да го губи својот идентитет. Не заборавајте дека не сè треба да биде по секоја цена.
Бик
Комуникацијата со саканата ќе биде ставен на тест. Ако може, не разговарјате за прашања кои би создале конфликти меѓу вас. По вторникот тензиите и гневот ќе бидат повеќе од аспект на романтиката и разбирањето. Обидете се да го задржите добриот тон и балансот во врската.
Близнаци
Нестабилност ќе има и во љубовниот живот на Близнаците. Нема место за паника. Со партнерот може многу да се направи за да се откриете еден друг, а со тоа да се направи и врската поинтересна. Од вас зависи дали ќе бидете среќни во љубовта.
Рак
Напната љубовна недела ги очекува Раковите. Нема да недостасуваат ситуации во кои желбата да спорите ќе надвладее. Ќе сакате да се наметнете, но кон тоа ли целите навистина? Бидете внимателни со зборовите и постапките. Може да влијаат длабоко на саканата и потоа да жалите.

Лав
Во вторникот ве очекува важен разговор со вашиот сакан/а. Комуникацијата помеѓу вас може и да не биде толку хармонична. Ќе ви биде тешко да правите компромиси, ќе ви недостасува и трпение. Можно е да се почувствувате како да партнерот да не ве поддржува доволно. Споделете ги твоите чувства, но зачувајте го добриот тон.
Девица
Последното нешто што ќе сакате да го дискутирате со партнерот е финансиската состојба. Ако има нешто што сакате да го споделите – направете го. Ако емоциите ве натераат да се чувствуваат збунети, почекајте до другата недела, но не го одложувајте разговорот со партнерот.
Вага
Полната месечина во недела ќе падне во вашиот сектор на партнерство. Полната Луна ќе биде тесно поврзана со Уран – планетата на ненадејните промени. Како резултат помеѓу вас и партнерот може да се појават неочекувани емоции. Ќе има динамика, врската ќе се продлабочи. Ве очекува убава и интересна недела.
Скорпија
Во однос на љубовта неделава ќе биде доста ризична. Чувствително прашање може да доведе до силна фрустрација. Размислувајте ги добро активностите и внимавајте со силата на зборовите, таа е голема. Можеби треба малку посебност.
Стрелец
Полната месечина во недела, што спаѓа во вашиот сектор на вистинска љубов, ќе стави акцент на многу прашања. Ако се наоѓате во необврзувачка сексуална врска, можеби ќе сфатите дека не сте толку рамнодушни на овој човек, дури и нешто повеќе. Оние од вас кои немаат сериозна врска, имаат шанса да сретнат некој посебен. Бидете отворени за нови можности .
Јарец
Врзаните претставници на зодијачкиот знак ќе бидат фокусирани на претстојните промени во нивната врска. Можно е да се случи неочекуван пресврт во плановите. За среќа двајцата ќе бидете во можност да се справите со ситуацијата. Оставете си и малку време за романтика.
Водолија
Во хаотична ситуација може да падне и Водолијата. Неочекувана промена од страна на партнерот ќе предизвика во вас многу прашања. Комуникацијата е од клучно значење. Размислете за вашите приоритети и не го одложувајте разговорот со партнерот.
Риби
Благ напон може да се случи и за врзаните Риби, кога станува збор за дискутирање на финансии. Може да се покаже дека е прилично тешко да сте постигнале согласност за заедничките пари. Зачувајте трпение еден кон друг, ако не дојде до решение кое ќе ги задоволи и двајцата. Времето ќе ве направи помудри.