Романтични вибрации и многу убави моменти, ги очекуваат претставниците на различните хороскопски знаци. Венера повторно ќе ја покаже својата силна поддршка. Врзаните ќе ги зацврстат своите врски, а самохраните можат да се состанат со нова љубов. Повеќе видете во љубовниот хороскоп. 
Овен
Сонцето продолжува да се движи низ вашиот сектор на романтиката. Подготвени сте да блеснете со најсветлата светлина. Некои од претставниците на зодијачкиот знак, оваа недела ќе направат решавачки избор во љубовта, бидејќи се заробени од некој посебен човек. Ако барате нова партнерка, ќе ви биде повеќе од лесно да привлечете кон себе нови обожаватели.
Бик
Оние од вас кои ги обновиле љубовните средби , ќе имаат чувство дека работите се развиваат со брзо темпо. Ќе имате добри можности да се запознаете, да споделите мисли, искуство и можеби да гоните заедно некакви општи интереси. Ви претстојат прекрасни денови.
Близнаци
Ако со партнерот, сте имале планови да купите нов дом, оваа недела плановите ќе започнат да се реализираат. Бидете внимателни при потпишување на договорите. Уживајте и на романтика, бидејќи периодот е поволен во овој поглед.
Рак
Почитувани Ракови, ви претстои една фантастична љубовна недела. Комуникацијата помеѓу вас и партнерот ќе оди повеќе од здодевно. Ќе имате многу можности да ги зајакнтее врските меѓу вас. Некои од вас може да добијат и предлог за брак .
Лав
Полната месечина оваа недела ќе ви ја даде потребната светлина во однос на љубовта и решавање на важни прашања поврзани со неа. Што и негативно да се случи помеѓу вас и вашиот сакан, решете го проблемот со мирен тон. Запомнете дека во љубовта треба да се прават и компромиси.
Девица
Романсата ќе биде силно симптоматска што ќе ве натера да се чувствувате повеќе од добро. Планетата на љубовта Венера, се наоѓа во вашиот знак и тоа ќе им помогне на неврзаните да привлечат кон себе нова љубов. Ако неодамна сте започнале нова љубовна врска , ќе сфатите дека чувствата кон него или неа се длабоки и вистински.
Вага
Без разлика дали сте обврзани или не, скоро сте биле привлечени од интересна личност, оваа недела ќе биде поволна на љубовен план. Ве очекуваат специјални моменти. Може да се занесете на романтично патување со најблиските, да почнете да живеете заедно, а некои од вас имаат големи шанси за нови и интересни состаноци. Не заборавајте да го слушате срцето.
Скорпија
Пријателите ќе одиграат важна улога за љубовниот живот. Пријатен настан има шанса да ве запознае со интересна личност со која ќе се покаже дека имате заеднички интереси. Од друга страна, некои од вас може да побараат совет од пријател за љубовта. Подобро тиа не го правете, таа или тој може да ве збуни.
Стрелец
Претставниците на зодијачкиот знак кои се наоѓаат во необврзувачка сексуална врска , можеби ќе донесат одлука за овие свои односи. Некои од вас се решени да пробуваат нешто повеќе со овој партнер. Ако барате нова љубов, проширете ги своите хоризонти, дури и ако тоа значи дека ја барате љубовта зад граница. Генерално ве очекуваат пријатни изненадувања.
Јарец
Интензивна ќе биде љубовната недела за родените во знакот на Јарец. Комуникацијата оди глатко меѓусебно и ако се уште не сте го планирале вашиот одмор, време е да го направите. Изберете некое романтично место на кое ќе поминете време само двајцата. Ви претстојат убави денови.
Водолија
Полната месечина ќе ве потсети дека љубовта е за храбрите. Сега не е моментот да се плашите од тоа, да ги споделите вашите чувства. Ќе се чувствувате добро и во вас ќе остане чувството на сигурност и спокојство од врската со овој човек. Уживајте во повеќе романтика.
Риби
Венера се наоѓа во вашиот сектор на партнерствата и така ќе се задржи до 29 август. Имате прекрасна можност да се поврзете со вашата сакана. Тој или таа може да ви дадат својата поддршка во однос на работата. Се оди според планот, уживајте во секоја минута среќа.