Убава љубовна недела ги очекува сите. И покрај малите недоразбирања, ѕвездената карта покажува дека ќе имаме можност да ја потврдиме љубовта или да тргнеме по нов и подобар пат. Повеќе видете во љубовниот хороскоп. 
Овен
Во оваа недела, врзаните претставници на зодијачкиот знак ќе почувствуваат колку можат да се потпрат на саканата. Без разлика дали сте уморни после долгиот работен ден или имаат потреба од друг вид поддршка, партнерот ќе се грижи за вас. Едно е сигурно – ќе бидете благодарни за тоа дека сте заедно. Не заборавајте да ја покажете својата благодарност.
Бик
Љубени ќе се чувствуваат и биковите. Партнерот најверојатно приготвил романтична изненадување за вас, во форма на патување или ќе ви поднесе подарок. Љубовта е во воздухот и сега е време да се занесете во повеќе интимност . Не кријте ги емоциите и чувствата, направете го времето заедно навистина пријатно.
Близнаци
Некои од врзаните претставници на зодијачкиот знак ќе ја почувствуваат врската како да е застарена и недостасува возбуда. Можеби чувството ви се должи на фактот дека во последниве недели, не сте биле, особено поврзани еден со друг.
Можно е и да се појави напната ситуација која ќе ве оддалечи еден од друг. Ако тоа се случи во вашите односи, ви треба итен спасувачки план за љубовта. Не одложувајте!
Рак
Љубовта ќе го заземе врвот оваа недела. Вие и вашиот партнер, нема да имате никакви потешкотии при изразувањето на својата љубов еден кон друг. Ќе сакате да направите нешто убаво за вашиот љубовник, без да очекувате нешто за возврат. Крајот на неделата е погоден за романтичен одмор.

Лав
Љубовната клима нема да биде ведра и дефинитивно ќе ви недостасува романтика. Овие претставници на зодијачкиот знак кои се наоѓаат во необврзувачка сексуална врска, може да ги прекинат односите. Ако тоа се случи, нема да е нешто што не може да преживеете, но и покрај тоа, нема да се чувствувате помалку тажни.
Девица
Ова е вашата недела за љубов! Извлечете максимум од влијанието на Јупитер во вашиот знак и не заборавајте да бидете отворени за сите нови и возбудливи можности за животот и љубовта кои ви се нудат.
Во овие денови Јупитер ќе биде во подобра позиција кон Венера и тоа ќе ве натера да се чувствувате навистина задоволни во љубовта. Врзаните ќе ја најдат хармонијата со партнерот.
Вага
Родените во знакот на Вага е добро да украдат повеќе време за себе и саканиот. Периодот е погоден за патување, за промовирање на мирот и љубовта во вашата врска. Еден одмор не само што ќе ве опушти, но ќе е како релаксација и преродување за односите.
Скорпија
Убава недела претстои за Скорпиите. Ќе имаат многу можности за социјално вмрежување. За неврзаните тоа е можност да најдат нова љубов. За оние од вас кои имаат половина, едниот од двајцата, ќе биде ангажиран со работа, што значи дека времето за романтика нема да е многу. Сепак, во ретките мигови заедно, подајте се целосно на најблиските.
Стрелец
Недела на искушенија и одговорности во областа на љубовта . Пред вас ќе има тежок избор, кој ќе треба да го направите. Можно е да ја немате потребната енергија за вашиот љубовник и тоа нема да остане незабележано од него или неа. Размислете добро пред да преземете премногу голема одговорност. 
Јарец
Љубовните авантури за Јарците продолжуваат и во текот на оваа недела. За оние од вас на кои ви претстои патување, тоа дефинитивно ќе биде романтично. Ќе се поврзете не само на физичко, но и на длабоко духовно ниво. Уживајте во моментите!
Водолија
Забележителна ќе биде седмицата за вас, како во однос на финансиите, така и во љубовта. Приходите кои ќе ги добиете ќе исполнат некои ваши соништа. Ова ќе ве испровоцира да го изненадите партнерот со нешто романтично.
Риби
Во саботата Венера и Јупитер, кои се наоѓаат во вашиот сектор на семејството, ќе направат вистинска љубовна магија. Ова ќе ви помогне во љубовта, без разлика дали сте обврзани или барате нова партнерка. Искористете од последните на месеци.