Во издание на „Матица македонска“ излезе од печат романот „Љубовникот на Ленин“ од писателот Блаже Миневски.
Авторот разгатнува чувствителни теми од македонската историја и сегашност.
Приказната почнува со потрагата по гробот на Браќата Миладиновци во Истанбул, а завршува со отровната боја фрлена врз фасадата на македонското Собрание во Скопје.
Миневски е автор и на романите: „Јас,Тито и Мики Маус“,„Требаше да се сликаме пред да се замразиме“, „Свирци“, „Нишан“, „Мемоарите на една млечка“ и „Црна лисица“. За своето прозно творештво ги има добиено наградите: Стале Попов, Рациново признание, 13 Ноември, Роман на годината на Утрински весник. Негови дела се преведени на англиски, кинески, бугарски, српски, словенечки, италијански и арапски јазик.