Љубовните маки на славниот рокер

од desk4

Српскиот рокер, познат и омилен и кај македонската публика, Момчило Бајагиќ – Бајага, и неговата сопруга Емилија, важат за стабилна и хармонична двојка.

А нивната љубовна приказна започнала многу романтично , речиси филмски. Тие се запознале во автобус, а Бајага се воодушевил од нејзе. Но сепак Емилија го одбила, а Бајага се разочарал, но не се откажал.
– Eма живееше во Земун, се запознавме во автобус и веднаш ја прашав дали сака да излезе со мене во недела, а таа ми рече дека не излегува во недела. Мене тоа ми беше знак дека не сака да ме види, оти кој не излегува во недела? – вели пејачот и додава: – Ема веројатно излегувала во сабота, од каде да знам. Тогаш не ја прашав ништо повеќе, бидејќи се почувствував глупаво. Но по неколку месеци ја почнавме врската.
Двојката седмогодишната врска ја круниса со брак во 1989 година, а следната година го добија синот Марко, додека осум години подоцна и ќерката Ангела.
– За јавните лица се пишува сè и сешто. Ема навистина добро поднесуваше, особено во првите години од нашата врска кои беа најлуди. Не можевме да одиме на летување на било кое место каде што одат сите. На Млет еднаш отидовме на една далечна плажа за да бидеме сами. Но од некаде се појавија пет луѓе и цело време седеа и гледаа во нас – откри своевремено рокерот.

Слични содржини