Љубовта не знае за граници: Не ја видел сопругата 7 дена заради пандемијата, а потоа нашол необичен начин да стигне до неа (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
158 прегледи

Ниту пандемијата ниту мерките не го спречија Ник Автгес од Ватертаун, САД, кој има 88 години, да ја види својата сопруга Мерион (61), која престојува во старечки дом.

Тој го стори тоа на необичен начин.

Домот ги забрани посетите од 14 март поради пандемијата на коронавирусот, што Ник го претрпе многу тешко затоа што го посетуваше секој ден.

Но, нивниот син Крис најде начин. Тој на Фејсбук објави дека бара некој што има камион со кран и наскоро го пронашол откако еден пријател од средно училиште го контактирал.

Добил одобрение од старечкиот дом и стапил во акција. Ник се искачил на кранот, и се качил до третиот кат, до прозорецот на Марион.

“Ова, мои пријатели, е она што треба да нè инспирира. 61 година љубов, верба, охрабрување и посветеност. Моите родители се пример за целото наше семејство и се надевам дека ги инспирираат другите”, напиша Крис во објавата на Фејсбук .

„Не сум ја видел седум дена. Ако требаше да ме подигнат 10 спрата, немаше да ми пречи. Едноставно морав да ја видам“, рече неговиот татко Ник за Бостон глоуб.

Тие разговараа 20 минути, а пред да го спуштат, Ник на прозорецот стави знак „Те сакам, душо“.

 

#operationliftpapou

Публикувахте от Christopher J Avtges в Сряда, 8 април 2020 г.

Слични содржини