Лудило во Италија, пречек на играчите со отворен автобус (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
247 прегледи

Голем пречек беше организиран во Рим за Италијанците, новите европски шампиони кои ја совладаа Англија во големото финале во неделата вечерта по подобро изведување на пенали.

Играчите излегоа на улиците на Рим со отворен автобус, а армија навивачи дојде да ги поздрави своите херои.

Играчите ги поздравија навивачите од покривот, а се вееше и големо италијанско знаме.

Со нив беше и трофејот, кој најпрво го држеше Чиро Имобиле, кој беше на чело, а потоа одеше од еден на друг играч.

Фановите кои беа во целосен транс се обидоа да ги сликаат своите херои.

Играчите ги прими и претседателот на Италија, Џорџо Матарела.

 

Слични содржини