Лудило во Њукасл: Фановите во транс поради доаѓањето на новите сопственици (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Моментот кога беше објавено дека новите сопственици на Њукасл ќе биде саудиски конзорциум предводен од принцот Мохамад бин Салман, беше поттик за голема прослава на навивачите на славниот клуб.

Поддржувачите на Њукасл излегоа на улиците за да слават како да е освоена титулата, во најмала рака.

Околу стадионот се собраа голем број навивачи, имаше огномет, но и гласни скандирања.

 

Саудијците го купија клубот за 300 милиони евра, по што поради финансиската моќ на новите сопственици, Њукасл ќе стане најбогатиот клуб во светот.

Веќе почнале шпекулациите и информациите со имињата на новите засилувања во наредниот трансфер-периоди.

Слични содржини