Пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски објави видео од седницата на Комисијата за европски прашања, во кое како што вели, „ВМРО ДПМНЕ маскимално посветено во одбрана на криминалот“.
-Како одговорни пратеници нема да дозволиме хаос, сите што се огрешиле ќе одговараат. Оваа е недозволиво однесување, оваа е најдрско блокирање и опструирање на законодавниот дом, освен зборот ОСУДА нема друг збор, потенцира Костовски.
На објавеното видео се гледа пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.
-Ова е најдобриот камерман од пратениците, ова е лудило во Собрание, одбрана на криминалот.., изјави меѓу другото Костовски обраќајки му се на Лефков.
Според владеачката СДСМ, однесувањето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги поминува сите граници на нормалност и пристојност, многу се нервозни.
-Нема жестоки кавги во собраниската комисија туку обиди за создавање тензија со цел одбрана на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, да не се продолжи мандатот на судиите во надеж дека некој предмет ќе се одложи. СДСМ нема да дозволи хаос, но на секого треба да му биде јасно дека правдата ќе ги стигне сите, секој што се огрешил пред законот ќе одговара, соопштија од „Бихаќка“.