ЛУДО Е ДА СЕ ЗБОРУВА ЗА ВЛЕЗ НА УКРАИНА ВО НАТО“: Трамп повторно ја нападна администрацијата на Бајден

од Vladimir Zorba
504 прегледи

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека е лудо дури и да се размислува за влез на Украина во НАТО.

– Информациите дека во овој момент размислуваме за прием на Украина во НАТО се чиста лудост – рече Трамп.

Според поранешниот американски претседател, сегашната администрација предводена од Џо Бајден ги вовлекува САД во Трета светска војна.

Како што рече поранешниот американски претседател, сегашната администрација не е компетентна и не треба да ризикува да започне војна со Русија или Кина.

Слични содржини