Лудогорец го бара Игор Ангеловски!

од Nikola Popovski
429 прегледи

Бугарскиот шампион Лудогорец ја разгледува можноста да го постави за тренер поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски, пишува софиски „Спортал.бг“. 45-годишниот стручњак го постигна најголемиот успех во македонскиот фудбал, откако годинава се пласираше со селекцијата на ЕП 2020. На шампионатот на Стариот континент, Македонија завршија со нула бодови во групата „Ц“, но оставија позитивни впечатоци од својата игра.

Ангеловски шест години ја водеше репрезентацијата, а по ЕУРО 2020 ја заврши работата. Покрај репрезентативниот тим на Македонија, тој уште две сезони го водеше Работнички, освојувајќи двојна круна во 2013/14 година, а следната сезона го одбрани трофејот во Купот. Според бугарските медиуми, Ангеловски е една од опциите и за нов тренер на полска Легија од Варшава.

Како што е познато, Лудогорец во моментов го предводи Станислав Генчев, кој го презеде тимот по отказот на Валдас Дамбраускас. Младиот стручњак не се соочува со никакви проблеми во домашниот шампионат, но во Европа настапите не одат најдобро и моментално се на последното место во групата „Ф“ од Лигата на Европа.

Слични содржини