Фотографот Вили Ронис (1910-2009) е франсуски автор кој го означи поствоениот период. Во минатиот век ги врами политичките случувања низ Франција, а будно ги следеше и протестите и движењето на Фронт Популер. Луѓето се неговиот фокус и начинот на кој интерактуваат во општеството. Тој во неколку наврати изјавил дека никогаш не го бара невообичаеното, невиденото, туку напротив она што е најтипично во секојдневниот живот. Егзистенцијата и битието се неговиот фокус, и затоа фотографиите на Ронис го одбележаа хуманизмот во минатиот век.