Сопствениците на кучиња имаат поздраво срце од другите луѓе поради тоа што често се надвор и
се поактивни.

– Луѓето што чуваат куче имаат и подобра исхрана и поретко заболуваат од дијабетис, покажуваат
резултатите од истражувањето спроведено во Универзитетската болница Света Ана.
Во истражувањето биле вклучени 2.000 возрасни лица, при што е оценувано нивното
кардиоваскуларно здравје заснована на индексот на телесната маса, нивото на физичка активност,
пушачкиот статус, крвниот притисок, шеќерот во крв и холестеролот. Тие се изјасниле и за
финансискиот статус, историјата на болести и дали се пушачи.
Нивните резултати се рангирани со оценка од нула до 14 од сопственици на кучиња до тие што
немаат милениче.
– Луѓето кои чуваат куче се физички поактивни, подобро се хранат и имаат нормален крвен
притисок, како и шеќер и холестерол, изјави доктор Андреа Могери.