Меѓу касното заминување на спиење и депресијата постои врска, тврдат научниците.

Тие спроведоа истражување за депресија, во кое учествувале 32.000 медицински сестри во просечна старост од 55 години.
На почетокот на истражувањето ни една од нив немала депресија, а потоа се поделиле во три групи – 37 отсто раноранки, 10 отсто „ночни птици“ и 53 отсто меѓу утринскиот и ноќниот екстрем.
Тимот научници ги следеле нивните животни навики во рок од четири години, а се покажало дека поголема веројатност да развијат депресија имаат оние кои се „ноќни птици“.
Но, тоа не значи дека сигурно ќе заболат од депресија.
Оние кои наутро сакаат да поспијат треба да поминат што повеќе време надвор за да добијат дневна доза светлина, а и така се лачи ендорфин кој помага во борбата против лошо расположение.
Жените кои рано стануваат имаат помалку шанси да развијат депресија, порачува обемната студија објавена во магазинот за психијатриски истражувања.