Луѓето кои ги следеа правилата за време на коронавирусот имаат најлошо ментално здравје

од Stefanija Kuzmanovska
467 прегледи

Луѓето кои строго ги почитуваа правилата за карантин за време на пандемијата на коронавирус, денес имаат најлошо ментално здравје, покажува студијата објавена денеска од британски „Гардијан“.

Оние кои внимателно ги следеа ограничувањата кога започна пандемијата имаат поголема веројатност да страдаат од стрес, анксиозност и депресија, открија академици од Универзитетот Бангор. Како што откриле, луѓето со квалитети на грижа, чувствителност и свесност за потребите на другите, најригорозно се придржувале до протоколот за карантин.

Од друга страна, луѓето кои се посебични, со натпреварувачки тенденции и оние кои сакаат да имаат контрола врз своите животи, имале најмалку шанси да покажат такво однесување.

Истражувачите ги засноваа своите наоди на студија на 1.729 луѓе во Велс, за тоа колку добро се придржувале до правилата за време на првото заклучување ширум Велика Британија, помеѓу март и септември 2020 година, и го измериле стресот, анксиозноста и депресијата кај нив од февруари до мај оваа година.

Експертите велат дека широката штета предизвикана од коронавирусот врз менталното здравје во Британија е главната причина зошто побарувачката за психолошки и психијатриски услуги се зголемила во последниве години.

Слични содржини