Луѓето родени во овие 4 хороскопски знаци ги очекува ХАОС ВО ЉУБОВТА месецов

од Stefanija Kuzmanovska
530 прегледи

Иако овој месец, астролошки гледано, нема да биде турбулентен во однос на емоциите за сите знаци на Зодијакот, луѓето родени во соѕвездието Рак, Лав, Вага и Скорпија треба да бидат подготвени за (не)посакувани промени.

1. Рак
Одлука да ја прекинат врската ќе донесат сите луѓе родени во овој воден знак кои повеќе не се вљубени во партнерот. Раскинувањето ќе дојде како логичен редослед на нештата по неуспешните обиди за повторно разгорување на романсата.

Сепак, тоа не треба да ве загрижува. Плутон директно ќе ви го осветли патот и ќе ја растера маглата во вашата глава. Ако одлучите да раскинете во овој период, тоа ќе го направите со леснотија и без каење. Пред вас е период на големи можности во љубовта.

2. Лав
Доколку сте во долга врска, а не се чувствувате поврзани со саканата личност како порано, вистинско време е да ја побарате среќата со некој друг. Не дозволувајте да ве мачи совеста; ако први го наведете прашањето за раскинувањето, ќе откриете дека и вашата сакана личност ќе доживее олеснување.

Бидете оптимисти и верувајте дека во блиска иднина ќе се појави личност која ќе ги исполни сите ваши романтични очекувања.

3. Вага
Пред да се случи затемнувањето на Сонцето, големи се шансите некој близок да ве изненади непријатно. Некои Ваги ќе дознаат дека биле изневерени, а некои ќе бидат оставени. Во секој случај, земјотрес на емоционално ниво е речиси неизбежен до средината на октомври.

Сепак, не дозволувајте тоа да ве загрижува. Ќе научите дека не треба да почитувате некој што не ве почитува и дека не треба да попуштате пред некој што не заслужува, бидејќи живее двоен живот.

4. Скорпија
Многу луѓе родени во овој воден знак ќе донесат важна одлука во врска со нивниот љубовен живот. Дури и Скорпиите кои се во брак со години, па дури и децении, нема да се двоумат да „пресечат“ со стариот партнер и да започнат нов живот.

Причина за ваквата одлука ќе биде лагата која многу Скорпии ќе ја слушнат од својата „друга половина“. Длабоко повредени поради ова, ќе одлучат да си заминат, и тоа без премногу објаснувања и предолги разговори.

Слични содржини