Луис: Дојдов во Арсенал да ја освојам титулата

од Vlatko K
178 прегледи

Централниот дефанзивец на Арсенал, Давид Луис тврди дека дошол на „Емирати“ за да ја освои
титулата во Премиер лигата.


32-годишниот Бразилец, кој неодамна го напушти Челзи да се пресели во друг од лондонските
гиганти, е убеден дека тимот на Унаи Емери има многу талент што може да му помогне да ги
постигне големите успеси, што Арсенал го имал во минатото.

„Клубот има потенцијал да блесне како порано. Има многу таленти во тимот. Играчите се со
одлични квалитети. Дојдов тука со амбиција да се борам за титулата во Премиер лигата и за
трофеите во другите натпреварувања. Така беше и со поранешните клубови, иако не беше секогаш
лесно. Ќе дадам се од себе секој ден да се обидам да им помогнам на сите да веруваат затоа што
мислам дека некој во клубот мора да има многу верба заради огромниот потенцијал. Ќе се бориме
до самиот крај“, изјави Луис