Лука Дончиќ ја тужи родената мајка: Сака целосна контрола, еве во што е проблемот

од Vladimir Zorba
262 прегледи

Лука Дончиќ поднесе барање до Канцеларијата за патенти и трговски марки на САД (USPTO) дека сака да ја откаже регистрацијата на трговската марка „Лука Дончиќ 7“ во сопственост на неговата мајка Мирјам Потербин.

Оваа информација прв ја објави американскиот новинар Марк Стајн, а Дончиќ наводно сака да ја врати целосната контрола врз брендовите што го носат неговото име.

„Продолжувам да растам како играч и како личност, па затоа ми е важно да го контролирам сопствениот бренд“, изјави меѓу другото Дончиќ за „The Stein Line“.

Зародишот на раздорот датира од сезоната 2018/2019, кога и дал согласност на мајка си да го регистрира неговото полно име како заштитен знак. Имаше многу обиди и преговори за пренос на контролата на правата преку адвокатската канцеларија „Браун Рудник“, а во јули 2021 година Дончиќ писмено објави дека сака да го откаже споменатиот договор.

Имено, Дончиќ сакал да го регистрира својот бренд како „Лука Дончиќ“, но Управата одбила да го стори тоа бидејќи веќе постои бренд „Лука Дончиќ 7“, а неговата мајка не сакала да се откаже.

Во тужбата се наведува дека Дончиќ дека не одобрува пуштање стоки и услуги под тоа име.

Штајн објави дека Дончиќ повеќе не е поврзан со компаниите што го поседуваат и испорачуваат брендот „LD 77“ и кои управуваат со страницата lukadoncic.com.

Слични содржини