32
Македонската А репрезентација добива ново засилување пред стартот на квалификациите. Лука Станковски, фудбалерот на Раднички Крагуевац, е новото име кое селекторот Благоја Милевски го вклучува во националниот тим за претстојните натпревари.
Станковски, кој претходно беше капитен на македонската младинска репрезентација, се наоѓа во одлична форма, откако од турскиот Газиантеп се пресели во српскиот тим Раднички. Неговите последни настапи беа клучни за селекторот да му даде шанса во првиот тим.
Македонија ќе ги започне квалификациите со натпревар против Лихтенштајн на 21-ви, а потоа на 25-ти во Скопје ќе се соочи со Малта. Официјалниот список на повикани играчи ќе биде објавен од Милевски на прес-конференција закажана за 13:00 часот.